Локални избори 2025

Касами најавува заживување на Тетово и во делот на туризмот

30.10.2025 17:22

Биљал Касами најавува заживување на Тетово и во делот на туризмот. Вели, веќе работи на реконструкција на жичницата која води до Попова Шапка...

Доколку го освои и вториот градоначалнички мандат, Биљал Касами најавува заживување на Тетово и во делот на туризмот. Вели, веќе работи на реконструкција на жичницата која води до Попова Шапка.

Касами вели дека е предвидено да се изградат шест спортски сали и три нови базени, а започната е и изградбата на градскиот стадион во Тетово.

Во програмата на Касами од „Вреди“ се предвидува и изградба на две средни и три основни училишта во Тетово.

Миле А. Ристески