Атина незаинтересирана за преговорите
Грција нема конкретен план што натаму со отвореното прашање за доделување на датум на Македонија за почеток на преговорите со Eвропската Унија. На денешната презентацијата на приоритетите на идното, грчко претседателство со Европската Унија, - заменик министерот за надворешни работи Куркулас- избегна да го искоментира заклучокот од вчерашниот министерски состанок кој најави за Македонија повторно да се расправа во 2014.

Што се однесува до заклучоците како што реков , тие не се само став на Грција, тука едногласно се усвоени и од останатите министри на државиите членки на ЕУ, тоа морате да го имате в предвид не е само Грчки став , туку став на ЕУ вели заменикот министер за надворешни на Грција Куркурас.
Се поизвесно е дека Грција има намера да го игнорира фактот што Македонија е држава со 8 годишен кандидатски стаус за член на унијата, и 5 години по ред добива позитивна препорака од страна на Европската Комисија, но тоа не го попречи Грчкиот преставник на денашната прес конференција да истакне дека прширувањето на Унијата ке биде еден од врвните приоритети на нивното преседавање со советото на Европа.
Утре почнува дводневниот самит на Европскиот Совет , на кој ке биде потврдена одлуката –прашањетто за добивање на датум Македонија да ги почне преговори со ЕУ ке се одложи за идната година.
Марина Стојанова Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел