Санкциите на Русија- можност за македонските производители да влезат на голем пазар
Бизнис секторот со оценка дека треба да ја искористиме шансата, да го зајакнеме присуството на пазарот на Руската федерација, да го зголемиме извозот на овошје, зеленчук, грозје, вино...

Македонија може да има ќар од економските санкции кон Русија од Западот. Бизнис секторот со оценка дека треба да ја искористиме шансата, да го зајакнеме присуството на пазарот на Руската федерација, да го зголемиме извозот на овошје, зеленчук, грозје, вино, кондиторски производи, но и да излобираме побрзо потпишување договор за Слободна трговија.
Според Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија, за домашните производители е отворена голема можност да ги пласираат производите на пазарот во Русија.
Во размената со Русија, Македонија се уште има голем дефицит. Во првите шест месеци од годинава Русија е 10-ти трговски партнер на Македонија.
