Установите повторно непристапни за лицата со попреченост
Дел од установите сè уште остануваат непристапни за лицата со попреченост. На првиот круг од изборите Здружението „Инклузива“ регистрирано гласање на втор кат, нефункционални лифтови. Параваните пак не биле поставени соодветно. Но освен забелешки евидентиран е и напредок. Се повеќе лица со попреченост на советничките листи. Партиите ги прилагодиле и програмите.

Параваните за гласање сè уште не се соодветни за лицата со попреченост. На гласачките места истите не биле правилно поставени. Во дел од установите гласањето повторно се одвива на вториот кат, а лифтовите не биле во функција, се дел од забелешките на Здружението „Инклузива“ по првиот изборен круг.
„Се гласа повторно на втор кат, иако имаат слободни места на прв кат. Има сè уште гласачки места кои се во многу тесен простор што нема да може да помине лица кое користи помагала, но и кое оди со придружник на гласачкото место“, истакна Благица Димитровска - Здружение „Инклузива“ Куманово.
Но освен забелешките има и напредок. На овие локални избори на листите се нашле десет лица со попреченост, како и една кандидатка за градоначалник. Политичките партии велат ги прилагодиле програмите и за овие лица.
„Во изборниот процес напредокот се гледа затоа што сите оние алатки кои заедно со државна изборна комисија ги создадовме се внесена во изборниот законик“, дополни Димитриевска.
Од „Инклузива“ се надеваат дека идните градоначалници и советници ќе работат на пристапноста во градовите.
„Иклузива“ ќе истражува и зошто на 33 болни и немоќни лица не им било овозможено да гласаат во домашни услови.
Дополнуваат само две лица учествувале на обуките за изборните органи.
Елена Георгиевска
