Објавен конкурсот за финансирање проекти од национален интерес за 2015-та
01.09.2014 13:41
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција соопшти дека во апликациите за секоја дејност на културата се содржани општи и посебни приоритети...

Објавен е конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес. За разлика од порано, променети се и вредносните критериуми, според кои, ќе се валоризира креативниот ангажман на авторите.
Секој што е заинтересиран проектот да му биде финансиски поддржан од Министерството за култура од денеска може да ги подигне апликациите, електронски да ги пополни и да ги приложи во архивата на Министерството заедно со потребната документација наведена во конкурсите.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција соопшти дека во апликациите за секоја дејност на културата се содржани општи и посебни приоритети, услови и вредносни критериуми според кои ќе се евалуираат проектите. Целта е, нагласи таа, максимална транспарентност во изборот на проектите што ќе ги поддржи Министерството за култура и да бидат избрани тие што се во интерес на културата.
