Обединети нации

Македонија, САД и пет други земји гласаа во ОН за продолжување на санкциите против Куба

30.10.2025 13:32

Генералното собрание на Обединетите нации по 33-ти пат ја осуди економската блокада на САД врз Куба...

Генералното собрание на Обединетите нации по 33-ти пат ја осуди економската блокада на САД врз Куба. Од 193 земји членки, 165 гласаа за укинување на ембаргото, а Македонија, заедно со САД, Израел, Унгарија, Аргентина, Парагвај и Украина, беше меѓу седумте што гласаа против.

Според Обединетите нации, ова претставува отстапување од досегашната, речиси универзална поддршка на резолуцијата.

Македонија и претходно гласаше во согласност со САД по одредени меѓународни прашања – беше воздржана при гласањето за резолуциите за Газа и Украина.