Учебниците по Кембриџ програмата новина од оваа учебна година

01.09.2014 13:52

Министерот нагласи дека овие учебници се секаде дистрибуирани, како и сите други учебници во сите одделенија кои се бесплатни за учениците...

Од годинава се воведува Кембриџ проектот во основните училишта. За почеток, учениците од прво до трето одделение ќе учат од новите учебници по математика и природни науки.

„Ова е најголема новост за оваа учебна година, затоа што Македонија првпат ги има овие програми и е единствената земја во регионот што ги воведува во образовниот систем. Учебниците се квалитетни и прилагодени за нашите прилики и за возраста на учениците. Оваа година учениците од прво до трето ги имаат предметите математика и природни науки. Следната година ќе продолжиме со четврто, петто и шесто одделение. Проектот ќе биде заокружен кога тие ќе бидат воведени до деветто одделение“, рече министерот за образование Абдулаќим Адеми, кој заедно со заменик министерот Спиро Ристовски денеска го посетија ОУ „Мирче Ацев“.

Министерот нагласи дека овие учебници се секаде дистрибуирани, како и сите други учебници во сите одделенија кои се бесплатни за учениците.

Станува збор за една од најкрупните реформи во образованието.