Економија

Бизнисот очекува раздвижување на економијата по изборите, растот е остварлив

30.10.2025 18:57

Бизнисмените се оптимисти дека економскиот раст од 3,8% ќе стане реалност во 2026-та. Моторот на македонската економија, градежништвото ќе работи со полна пареа...

Раздвижување на економијата и засилување на капиталните инвестиции кон крајот на оваа, но и почетокот на следната година, очекува стопанството. Бизнисмените се оптимисти дека економскиот раст од 3,8% ќе стане реалност во 2026-та.

Моторот на македонската економија, градежништвото ќе работи со полна пареа, особено од следната година, и резултатите ќе бидат видливи, велат градежниците.

Бизнисмените велат дека брзите и чести избори им штетат на компаниите, оти целата енергија наместо во економијата, е насочена кон политика и кампања.

Борис Грујоски