Воен конфликт

Жестоки битки на истокот на Украина

31.10.2025 08:13

Врховниот командант на украинските вооружени сили вели дека ситуацијата е комплицирана, но нема опколување на украинската армија. Киев пак ноќеска нападна руски региони, со беспилотни летала...

Продолжуваат жестоките битки на истокот од Украина откако руските сили влегоа во Покровск, стратешки важен за контрола на Доњецк. Врховниот командант на украинските вооружени сили вели дека ситуацијата е комплицирана, но нема опколување на украинската армија. Киев пак ноќеска нападна руски региони, со беспилотни летала. Путин може да се соочи со уште построги мерки од САД, доколку Москва не се согласи на прекин на огнот, вели американскиот амбасадор во НАТО.

„Војната треба да заврши. Русија навистина нема постигнато никакви стратешки придобивки во последните речиси четири години од водењето на оваа војна, па затоа сега е време да се заврши. Претседателот Трамп ќе продолжи да врши притисок. Тој ќе продолжи да прави што е потребно за да ја натера Русија да седне на маса. Би предложил дека сега е време Русија да склучи прекин на огнот и да почне преговори за мировен договор“, изјави Метју Витакер, амбасадор на САД во НАТО.

Зеленски ги потпиша законите со кои во земјата се продолжуваат воената состојба и општата мобилизација до 3 февруари 2026 година.