Исплатени 440,4 милиони денари субвенции на 15 илјади земјоделци
01.09.2014 14:16
Министерството за финансии денес исплати 440,4 милиони денари субвенции на 15.469 земјоделци по повеќе основи.
За произведено и продадено, кравјо, овчо и козјо млеко исплатени се 271,5 милиони денари на 14.498 сточари, при што висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, соопштуваат од Министерството.
За поддршка на сточарството исплатени се и 168,9 милиони денари на 971 сточар за обележани грла овци. Висината на поддршката за обележани грла овци изнесува 1.000 денари по грло.