БЛИСКИ ИСТОК

Вратени останките на уште двајца заложници

31.10.2025 10:35

Изминатите два дена беа регистрирани напади со десетици жртви. Израелскиот премиер се закани дека доколку Хамас продолжи отворено да го крши прекинот на огнот, ќе возврат со голема сила.

Хамас предаде тела на уште двајца заложници. Досега беа вратени 15 киднапирани, се трага по уште 13. Прекинот на огнот во Газа и натаму на тест. Изминатите два дена беа регистрирани напади со десетици жртви. Израелскиот премиер се закани дека доколку Хамас продолжи отворено да го крши прекинот на огнот, ќе возврат со голема сила.

„Доколку Хамас продолжи да го крши прекинот на огнот, ќе доживее моќни напади, како оние завчера и вчера. Ние одлучуваме и дејствуваме по потреба за да ја отстраниме непосредната опасност за нашите сили. На крајот на краиштата, Хамас ќе биде разоружан, а Газа ќе биде демилитаризирана. Ако странските сили го сторат ова, уште подобро. А ако не, ние ќе го сториме тоа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

И покрај нападите и изолираните инциденти, Хамас и Израел тврдат дека остануваат посветени на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Илјадници ортодоксни Евреи синоќа протестираа во Ерусалим против регрутирањето млади мажи од нивната заедница во воена служба.