САД

Продолжува блокадата на федералната влада

31.10.2025 11:24

Федералната влада и натаму е во блокада. Демократите и Републиканците не попуштаат за спорните предлози за финансирање на федералните служби, програмите за социјална и здравствена заштита, воздухопловството.

Њујорк прогласи вонредна состојба во државата поради недостиг на сојузни средства за програмата за помош во храна. Федералната влада и натаму е во блокада. Демократите и Републиканците не попуштаат за спорните предлози за финансирање на федералните служби, програмите за социјална и здравствена заштита, воздухопловството.

„Демократите треба да го направат очигледното и правилното нешто, и да гласаат за непартиската мерка за финансирање“, изјави Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД.

„За нас нема политички калкулации. Ние ја водиме оваа битка не од партиски причини, туку затоа што се обидуваме да го подобриме квалитетот на живот на американскиот народ“, вели Хаким Џефрис, лидер на малцинството во Претставничкиот дом.

Затворањето на федералната влада на САД веќе ја чини американската економија 18 милијарди долари, објави Канцеларијата за буџет на Конгресот.