АПЕК

Годишен самит на лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка

31.10.2025 20:08

Учесниците од 21 земја дебатираат за промовирање на економската соработка и заедничките предизвици. Регионот АПЕК се соочува со ранливоста на синџирот на снабдување, стареењето на населението и влијанието на вештачката интелигенција врз работните места...

Лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка на годишен самит во Јужна Кореја. Учесниците од 21 земја дебатираат за промовирање на економската соработка и заедничките предизвици. Регионот АПЕК се соочува со ранливоста на синџирот на снабдување, стареењето на населението и влијанието на вештачката интелигенција врз работните места.

Состанокот следува еден ден откако претседателот Трамп и кинескиот претседател Шји се согласија да преземат чекори за ублажување на трговската војна.

Kинескиот претседател учествува за првпат на самитот на АПЕК по 11 години, а предвидени се одделни средби со јапонскиот и јужнокорејскиот претседател.