ПФЛ

Струга со победа се врати на првото место

31.10.2025 10:20

Со новите три бодови Струга се врати на првото место на табелата со 26 бодови, пред Вардар со 24 и Силекс и Шкендија со по 21, додека Шкупи остана на последното место со само 1 бод.

Екипата на Струга постигна победа од 2:1 на вчерашниот натпревар од 11. коло од Првата фудбалска лига. Шкупи беше „административно“ домаќин во Струга, а тоа го искористија стружани кои преку Басиру Компаоре поведоа во 24. минута. Шкупи изедначи на 1:1 во 56. минута стрелец од пенал беше Сухејљ Муарем откако претходно Диако доби црвен картон. Струга и со играч помалку стигна до ново водство од 2:1 со вториот гол на Компаоре, овојпат од белата точка.

Со новите три бодови Струга се врати на првото место на табелата со 26 бодови, пред Вардар со 24 и Силекс и Шкендија со по 21, додека Шкупи остана на последното место со само 1 бод.

Оваа рунда ќе биде комплетирана со денешните два дуела: Брера – Шкендија  и Вардар – Силекс.