Србија

Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад за годишнината од трагедијата

31.10.2025 12:26

Утре во Нови Сад се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица...

Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад. Утре во градот се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица.

Падот на настрешницата изминатата година предизвика масовни антивладини протести, а студентите ги блокираа факултетите. Се бара одговорност од власта и предвремени парламентарни избори.

Во средината на септември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад повторно поднесе обвинение против поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и други 12 обвинети.