Локални избори 2025

„Вреди“со план за инвестиции во спортот

31.10.2025 18:33

Касами посочи дека со инвестирањето во спортски сали претендираат да имаат активна младина која се занимава со спорт...

Сакаме да го поттикнеме развојот преку инвестициите кои се однесуваат на туризмот, поконкретно на Златниот рид за што веќе ги имаме првите контакти со еден сериозен инвеститор и дефинитивно овој туристички центар да биде центар за економски развој не само локално, туку и на државно ниво, вели кандидатот за градоначалник на Тетово од „Вреди“, Биљал Касами.

„Со пробивањето на двата последни сегменти на булеварите и тоа „Илинден“ овде од центарот од градската пошта до стадионот и булеварот „Благоја Тоска“ од текстилното училиште до локацијата позната како Средиште, конечно го отвораме градот и сите главни улици. Во однос на инвестициите во училиштата веќе две средни училишта се во интензивна изградба. Исто така во изградбата на средните училишта базирани на стратегијата за развој на образование за време од пет години претендираме да имаме целодневна настава. Во смисла на инвестициите во спортот планираме интензивирање на работите на Градскиот стадион и Спортскиот центар така што за две години да бидат завршени така што и „Шкендија“ и Националниот тим за првпат ќе можат да играат меѓународни натпревари и во Тетово. И во Спортскиот центар да имаме два модерни стадиони за фудбалските тимови од Тетово. Веќе се во изградба два базени, уште еден во рамките на гимназијата“, изјави Касами.

Касами посочи дека со инвестирањето во спортски сали претендираат да имаат активна младина која се занимава со спорт.

 

Фиљана Кока