Одбележување

25 години од Резолуција 1325 на ООН - „Жени, мир и безбедност“

31.10.2025 18:38

Родовата еднаквост и зајакнување на улогата на жените се услов за превенција и решавање на светските конфликти, порачаа од одбележувањето на 25-годишнината од Резолуцијата 1325 на ОН „Жени, мир и безбедност“. Македонија активно ја спроведува оваа резолуција и предничи со над 50 проценти жени раководители во одбраната...

Жените сè уште се цел на родово насилство во воените конфликти и малку застапени во државното раководство. За постигнување мир во светот, мора конечно да им дадат поголема улога на жените дури и на највисоката функција, генерален секретар, оцени претседателката Сиљановска-Давкова.

Македонија со акциски план ја спроведува резолуцијата 1325 од 2013-та. Лидер е Министерството за одбрана каде над 50 проценти од раководителите и 23 насто од припадниците на армијата се жени.

И по 25 години од резолуцијата 1325, остануваат уште многу работи што треба да се направат за да се постигне еднаква улога на жените во мирот и безбедноста.

 

Ирина Гелевска