Последен ден од изборната кампања
Последен ден од изборната кампања. Молк од полноќ. На втори ноември се гласа втор круг за градоначалници и советници во 32 општини и во град Скопје. Ќе се прегласува за членови на Советот на општина Шуто Оризари. Право на глас имаат милион 13 илјади 375 граѓани, пријавени да го остварат демократското право на глас се и 4.826 болни лица и изнемоштени лица.

На полноќ почнува молкот. Последни јавни подготовки, пораки, убедувања за поддршка. В недела во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, На три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници.
Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица.
Во првиот круг од локалните избори беа избрани советници во 79 општини и Градот Скопје, а беа избрани градоначалници во 44 општини, кои веќе ги добија решенијата и ги преземаа новите функции.
Изборите ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.
Во првиот круг избрани беа градоначалници во 44 општини . Поради немање цензус во ок од 60 дена треба да се повторат локалните избори во Гостивар, Маврово/ Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште.
Марина Стојанова - Тонева
