Локални избори 2025

Кандидатите на ЗНАМ со активности во скопски Центар и Куманово

31.10.2025 18:00

Кандидатот за градоначалник на движењето „ЗНАМ“, Лабудовиќ ветува урбан и безбеден Центар. Димитриевски, пак, реализација на двојно повеќе проекти...

Ќе ја оправдам довербата на граѓаните, за четири години Центар ќе биде чист, урбан и безбеден, вети кандидатот за градоначалник на движењето „ЗНАМ“ Мирослав Лабудовиќ.

Куманово заслужува континуитет, не заслужува импровизација, вели кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој најави реализација на двојно повеќе проекти.

Кандидатите на движењето „ЗНАМ“ во вториот круг добија поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

Викторија Милевски