Локални избори 2025

Завршен народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

31.10.2025 17:50

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски ги отфрли опозициските обвинувања дека биле вршени притисоци врз нивни кандидати и членови на тимовите во штабовите. Ги повика да му се јават за проверки. Уверува дека ова се најдемократски и фер избори. Кандидатот за скопски градоначалник, Георгиевски повика граѓаните да изберат личности со докажани дела, ја побара поддршката и на завршниот митинг, рече ова е битка за Скопје и за нашите деца да растат во град со кој ќе се гордеат.

Ова не е политичка битка за Орце, ова е битка за Скопје и за нашите деца да растат во град со којшто ќе се гордеат, а не во град од којшто ќе сакаат да си заминат, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓеорѓиевски, од завршниот народен митинг главниот град. Тој ги повика граѓаните да изберат личности со докажани дела, наместо празни зборови. Со Скопје не смее да се експериментира, новиот градоначалник мора да има знаење и искуство во управување со буџети од стотици милиони евра, јавни претпријатија и проекти од европските фондови, истакна Ѓеорѓеивски. Осврнувајќи се на изминатиов четиригодишен период, во кој беше прв човек на општина кисела вода, Ѓеорѓиевски потсети на реализираните проекти и порача – ние не ветувавме кули и градови, ветувавме работа и испорачавме работа.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со слична порака. Вели, овие локални избори не е само битка за политичка победа, туку за обединување и обнова на вербата дека Македонија може и мора да стане подобра земја. Во изминатиот период, со многу работа, ги поставивме темелите, вели Мицкоски, додавајќи дека по изборите, следува фаза на жестока работа и големи резултати. Тој најави повеќе од 70 нови проекти во различни области, инфрастуктура, енергетика, здравство, образование, земјоделие и култура. Коментирајќи ги обвинувањата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за наводни притисоци врз нивни кандидати и граѓани и наводен поткуп, Мицкоски дециден дека ова се најдемократските, најтранспарентни и најфер избори во поновата историја на Македонија, а тоа, како што вели, го потврдија многумина, вклучително и спомената партија.

Секој политичар треба да знае дека народот следи, гледа и е мудар, порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, додавајќи дека СДСМ на овие избори падна на 125.000 гласа и дека кога политиката станува себична, народот ги затвора вратите. Мора да ја направиме државата сојузник на граѓаните, а не непријателски и трул систем од кои ќе сакаат да се иселуваат, вели Мицкоски, додавајќи дека ова не е фантазија, туку план.

 

Марија Котовска