Локални избори 2025
Јакимовски: Радари пред секое училиште и градинка во Карпош
31.10.2025 18:13
Радари пред сите градинки и училишта во Општина Карпош, најави кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски од „Искуство за успех“ кој бара нов мандат...

Радари пред сите градинки и училишта во Општина Карпош, најави кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски од „Искуство за успех“ кој бара нов мандат. Тој вели дека, Карпош мисли на сите деца и затоа ја побара поддршката од граѓаните.
Тој најави и субвенции за граѓаните од Карпош за чиста и зелена општина.
Веруваме, додава Јакимовски, дека заедно ќе продолжиме да го градиме Карпош како пример на локална самоуправа, што ги почитува човековите права, еднаквоста и зелените вредности.
Борис Грујоски
