Јовановски уверува сметот ќе се исчисти, вели тоа е приоритет на неговата агенда
Полни контејнери во делови од Скопје, гориво за камионите на скопски комуналец има до крајот на викендов. Новиот директор Јовановски ја чека верификацијата на потписот, уверува набавка ќе има, градот ќе биде чист...

Отпадот претекува од контејнерите во делови од Скопје, полни раце работа го очекува новиот директор на Скопски комуналец. А Јовановски уверува сметот ќе се исчисти, вели тоа е приоритет на неговата агенда. Но гориво за возилата има само за викендот, новата набавка зависи од административните процедури за негов потпис што треба да го стави на документот.
Јовановски се жали дека претпријатието е во незавидно лоша состојба, доправ треба да се реорганизира работата.
Се работи со 15 камиони на терен, но сите вработени си ја вршат работата – велат од СУТКОЗ.
Дали ќе стигне новиот кормилар на Скопски комуналец Јовановски да го оствари проектираното, со оглед дека на позиција дојде назначен од градоначалничката Арсовска која е во заминување, ќе зависи од идниот градски татко. Скопјани само се надеваат дека нема да ја видат истата слика на метрополата во комунална криза.
Александра Велинова
