Судство

Судењето за пожарот во „Пулс“, тест за независното судство

31.10.2025 18:42

Судењето за случајот „Пулс“ ќе биде тест на нашата издржливост, професионалност и независност, истакна претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска...

Судењето за случајот „Пулс“ ќе биде тест на нашата издржливост, професионалност и независност, истакна претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска во обраќањето на Годишното собрание на Здружението на судиите. Таа вели дека сега целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик, а бидејќи станува збор за процес кој ќе биде внимателно следен од јавноста, судска фела треба да остане доследна на принципите на правдата и владеењето на правото.

Верувам дека како заедница на судии, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажеме дека судството има сила, интегритет и знаење да се справи со секој предизвик — без притисоци, без страв и без компромиси со вистината. Да продолжиме да бидеме пример на професионалност, достоинство и меѓусебна поддршка, истакна Димовска пред присутните.

Судењето за случајот „Пулс“ е закажано за 19 ноември.