Мециновиќ повика на на излезност в недела
Од Скопје да направиме поубаво место за живеење, порача кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Рече дека привилегија било што се наоѓа на гласачкото ливче, но, за негова визија да ја преточи во реалност-повика на излезност в недела.

Да се обидеме надежта којашто ја создадовме во првиот круг да ја преточиме во одлука, само така можеме да ги промениме нештата и од Скопје да направиме поубаво место за живеење, порача кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Рече дека привилегија било што се наоѓа на гласачкото ливче, но, за негова визија да ја преточи во реалност-повика на излезност в недела.
Мециновиќ со ветување, доколку ја добие довербата и застане на челната позиција во Скопје, од првиот ден фокусот ќе го стави на човекот, и ќе прави се по желбите на граѓани. Изрази надеж дека од понеделник ќе има редовни брифинзи во град Скопје. Досегашната кампања на левица ја оцени за позитивна.
Наташа Гркова - Петрушевска
