Локални избори 2025

Активности на НАИ во Струга

31.10.2025 18:32

“Зборувајте со својот глас“ – Арсим Далипи, кандидатот за градоначалник на Струга од Алијансата за национална интеграција ги повика граѓаните да излезат на гласање на 2-ри ноември. Вети чиста администрација, без корупција и клиентелизам.

Кандидатот за градоначалник на Струга од Алијансата за национална интеграција, Арсим Далипи, им се обрати на граѓаните истакнувајќи дека го разбира притисокот што им се прави за да молчат или да се заплашат, Далипи рече дека не бара во овој период тие да се експонираат, но ги повика на втори ноември да зборуваат со својот глас.

„Сите сме сведоци кој вршеше уцени, кој купуваше гласови, кој асфалтираше и градеше во време на кампања, сето тоа го имаме документирано. Кога сме кај притисоците, јас би поставил едно прашање, или вие направете му го на мојот противкандидат: во какво својство вчера, во друштво со министерот за здравство, ги посети струшките болници? дали беше тоа за да се врши притисок врз вработените, или беше само случајност? Нека одговори тој, што се однесува до промената, секако дека ја гледате, за време на кампањата имам целосно нов тим, кој ќе продолжи да биде таков и за време на управувањето. Тим нов, со полна енергија и визија за да ја направиме Струга подобра и да ја донесеме вистинската промена. Кога сме кај промената, противкандидатот постојано се повикува на промена, но таа промена ќе ја прави по наредба на оние што му ги диктираат чекорите. Верувам дека интегритетот, професионалноста и вредностите се над интересите на партијата. Победата не е само цел – станува неопходност. Со мојата кандидатура го отворам патот за чиста администрација, ослободена од корупција, клиентелизам и политички преговарање. Ветувам бесплатен паркинг за граѓаните до 10 часот наутро на целата територија на градот Струга. Со одлука на Советот на општина Струга, ќе се намалат за 50% плаќањата за лиценци за такси, комбиња и автомобили“, изјави Арсим Далипи, кандидат за градоначалник на Национална алијанса за интеграција за општина Струга.

Кандидатот Далипи од Националната алијанса за интеграција ветува дека, Струга ќе биде град со поквалитетни услуги за граѓаните и пример за соживот и почит.

 

Игор Панов