Кривичен суд
Рочиште за случајот „Онкологија 2“
31.10.2025 19:02
На новото рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Скопскиот кривичен суд сослушани беа сведоци вработени од клиниката...

На новото рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Скопскиот кривичен суд сослушани беа сведоци вработени од клиниката, кои зборуваа за начинот на набавка и давање на терапијата во периодот кога медицински директор беше обвинетиот, Нино Васев, а економски Нехад Нухи.
Васев и Нухи обвинети за незаконски набавки и фиктивни тендери ја оштетиле државата за речиси 36 милиони евра.
Случајот се наоѓа во доказна постапка.
