Локални избори 2025

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните

01.11.2025 08:12

Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од Локалните избори 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови...

Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од Локалните избори 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.