Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

01.11.2025 08:50

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени целзиусови.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината со слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.