Мадуро: САД бараат оправдувања за да не нападнат
Трамп ги негира овие тврдења. САД претходно извршија серија напади врз бродови во Тихиот Океан за кои тврди дека превезувале дрога...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека шират лажни приказни за да оправдаат можен напад и промена на режимот во јужноамериканската земја. Обвинувањата следат по извештаи дека Вашингтон подготвува напади врз воени објекти поврзани со наркокартел, кои според САД ги предводи Мадуро и неговите соработници. Трамп ги негира овие тврдења. САД претходно извршија серија напади врз бродови во Тихиот Океан за кои тврди дека превезувале дрога.
„Венецуела е невина. Сè што се прави против Венецуела е за да се оправда војна и промена на режимот. Да се украде нашето огромно нафтено богатство, кое е најголемата резерва на нафта и четвртата најголема резерва на гас во светот“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.
„Не, тоа не е вистина“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
