Народен правобранител

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2-ри ноември

01.11.2025 11:00

Отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцеларии на Народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права...

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела (2 ноември) на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцеларии на Народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488, Струмица 034 329-996 и Штип 032 389-700.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право.