Локални избори 2025

Денеска во Валандово гласаат болните и изнемоштени лица

01.11.2025 14:39

Втор круг гласање за градоначалник утре ќе има и во Општина Валандово. Таму денеска гласаат болните и изнемоштени. Во Југоистокот освен во Валандово денеска гласање имаше и во Дојран и Конче каде утре ќе има втор круг избори…

Претпладнево Општинската изборна комисија на Валандово го дистрибуираше материјалот за гласање за градоначалник до избирачките одбори во оваа општина кои треба да ги посетат болните и изнемоштени лица. Вкупно 201 лице се пријавени за гласање во сопствените домови за вториот изборен круг за што се ангажирани сите 24 избирачки одбори како во градот така и во населените места на Општина Валандово

Валандово е една од трите општини во Југоистокот каде утре ќе има втор изборен круг. Во оваа општина во првиот круг гласале 6.035 граѓани што е 61,29 отсто од запишаните избирачи

Денеска гласаа болните и изнемоштени и во Општина Дојран каде има пријавено 76 лица како и во Општина Конче каде до надлежните се пријавени 84 болни и изнемоштени лица кои гласаат денеска за градоначалник

Ване Трајков