Локални избори 2025

Затворениците го остваруваат гласачкото право

01.11.2025 17:08

Гласовите од избирачите во Идризово се собираат посебно и доставуваат до општините каде живеат затворениците, а нивниот број ќе се собира со резултатите од утрешното гласање...

Општините да бидат попристојно место за живеење, повеќе зеленило, чиста животна средина се очекувањата од идните градоначалници и сликата која сакаат да ја видат кога ќе излезат затворениците од Казнено-поправниот дом „Идризово“ кои денеска го остварија правото на глас во вториот круг од локалните избори.

620 гласачи имаат право на глас на избирачкото место 2536 кои гласаат за кандидати за градоначалници. Гласовите од избирачите во Идризово се собираат посебно и доставуваат до општините каде живеат затворениците, а нивниот број ќе се собира со резултатите од утрешното гласање.

Избирачкиот одбор го оценува изборниот ден како фер и демократски, без проблеми.

Александра Велинова