Локални избори 2025

Денеска гласаат болните, изнемоштените и затворениците

01.11.2025 16:47

За вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, и 1.256 затвореници-информираат од ДИК. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје. На три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници...

Денес гласаат болните и изнемоштените лица како и затворениците и оние кои издржуваат мерка куќен притвор. Гласањето започна во 7 часот и трае до 19 часот.

За вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, и 1.256 затвореници-информираат од ДИК, апелираат граѓаните да го остварат правото и во вториот изборен круг.

Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје. На три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници.

Поради немање цензус во рок од 60 дена треба да се повторат локалните избори во Гостивар, Маврово/ Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште. Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 се странски и 651 се меѓународни.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани советници во 79 општини и Градот Скопје, а беа избрани градоначалници во 44 општини, кои веќе ги добија решенијата и ги преземаа новите функции.

Марина Стојанова Тонева