Сведочеше заштитениот сведок во „Монструм“
Проговори ,, е – еден “ , заштитениот сведок во случајот „Монструм“. Цели четири часа зад затворени врати сведочеше за петкратното убиство на Смилковско езеро. Одбраната излезе задоволна од судницата. Тврдат дека после исказот на овој сведок веќе се 100 проценти сигурни дека обвинетите не се сторители на убиството. Тоа што го слушнале не може да биде доказ, велат. Бидејќи се работи за специјалните истражни мерки не сакаа да коментираат, дури ни да кажат дали сведокот е жена или маж.

На почетокот на главниот распит судскиот совет побара јавноста да биде исклучена поради зачувување на тајноста, јавниот ред и мир и заштита на животите на сведокот и на обвинетите. За првпат, спротивно на досегашната практика кога одбраната се противеше на исклучување на јавноста од судницата , овојпат се согласи со судскиот совет.
Фиљана Кока