Фалкао во Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица

01.09.2014 15:15

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го договори  напаѓачот на Монако,  Радамел Фалкао, кој во финишот на преодниот рок треба да се пресели на Олд Трафорд.

Колумбиецот ќе потпише едногодишен договор за позајмица вреден 6 милиони фунти, со опција Манчестер Јунајтед да може да го купи на крајот од едногодишниот период за сума од 43,5 милиони фунти.

Фалкао кој мора да ги мине лекарските прегледи, летово беше една од главните фудбалски ѕвезди. За неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Јувентус и Реал Мадрид.

Шушкањата за негов трансфер во кралскиот клуб се засилија откако колумбиецот на твитер во саботата објави дека му се остварил сонот. „Ел Тигре“ потоа ја демантираше приказната тврдејки дека била лажна и монтирана.

Фалкао по повредата постигна два гола во последните три натпревари или вкупно 13 на 23 натпревари за Монако, откако во мај 2013-та од Атлетико Мадрид се пресели во Франција за 50 милиони фунти. Претходно ги бранеше боите на аргентинска Ривер Плата и Порто каде што на 141 натпревар постигна 75 гола.