Локални избори 2025
Во Крушево гласаат 255 болни и немоќни лица
01.11.2025 15:44
Мирно и непречено се одвива гласањето на болните и немоќните лица во Крушево. Денеска правото на глас во своите домови го остваруваат 255 болни и немоќни …

Крушевчанката Олга Чавкар му помогна на својот болен сопруг, а снаата Виолета како најблизок роднина им помогна немоќните свекор и свекрва да го остварат своето право на глас. Тие денеска гласаа во своите домови на вториот круг од локалните избори. Имаат и свои очекувања.
Своето право на глас во Крушево го остваруваат 255 болни и немоќни лица. Гласањето протекува непречено и без проблеми.
Освен во Крушево, болните и немоќните гласаа и во 11 населени места.
Елизабета Митреска
