Македонија

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право

02.11.2025 08:07

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право...

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцеларии на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и во подрачните канцеларии на народниот правобранител.