Локални избори 2025

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1.598 набљудувачи

02.11.2025 08:37

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1.598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија...

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1.598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.

Во Македонија се гласа во втор круг за 32 градоначалника и за градоначалник на градот. Општините каде денеска се гласа за градоначалник се Град Скопје, Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.