Вооружен напад во Велика Британија, десетина лица избодени со нож
Десет луѓе, од кои деветмина се борат за живот, биле избодени со нож во воз во близина на Кембриџ. Полицијата уапси две лица...

Вооружен напад во Велика Британија. Десет луѓе, од кои деветмина се борат за живот, биле избодени со нож во воз во близина на Кембриџ. Полицијата уапси две лица. Се истражува мотивот.
„Станува збор за многу сериозен инцидент. Засега немаме информации за двете лица. Тешко е сè знае како точно и двете биле вклучени“, изјави Бен Обис-Джекти - пратеник од Конзервативната партија за Хантингдон.
Сведоците го опишуваат хоророт, велат дека патници биле газени од други додека се обидувале да избегаат.
„Бев во вагонот, носев слушалки кога слушнав како некој вика-Има нож, ме избодеа. Кога погледнав нагоре, се пробиваа низ вагонот за да побегнат, беа целите крвави“, изјави Гевин - сведок.
Премиерот Стармер го осуди ужасниот инцидент оценувајќи го како длабоко загрижувачки.
