Украина

Продолжуваат нападите меѓу Москва и Киев

02.11.2025 10:42

Русите удрија во Запорожје и Одеса. Десетици илјади луѓе се без струја. Украинците возвраќаат со напади врз нафтен терминал во Црно Море...

Продолжуваат нападите меѓу Москва и Киев. Русите удрија во Запорожје и Одеса. Десетици илјади луѓе се без струја. Украинците возвраќаат со напади врз нафтен терминал во Црно Море. На фронтот во Покровск, борбите жестоки. Руските сили продолжуваат да се инфилтрираат проширувајќи ја „сивата зона“, силите на Киев во контраофанзива.

„На фронтот, особено во Покровск нашите дронови и противвоздушната одбрана успешно ги одбиваат нападите на Русиј“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Во истовреме од Кремљ соопштија дека средба меѓу Путин и Трамп е можно брзо да се организира, но во моментов нема потреба од неа.