Хрватска изненадена на стартот од 3 коло на “Мундобаскет“

01.09.2014 15:56

Селекцијата на Сенегал и го нанесе првиот пораз на Хрватска, на стартот од 3 коло на Светското првенство во кошарка. Африканскиот претставник во неизвесна завршница ги совлада “коцкестите“ со 77 : 75 и се избори за втората победа “Б“ групата. НБА центарот од редовите на Јута Џез Горги Џенг доминираше на мечот со 27 поени и 8 скокови, додека кај поразениот состав Богдановиќ и Шариќ постигнаа по 15 поени.

Во рамките на ова коло попладне играат Аргентина – Филипини и Порторико – Грција. На шампионатот што се игра во Шпанија денес се играат натпреварите од “А“ групата, а двојките се : Иран – Србија, Франција – Египет и во дербито на денот Бразил против домаќинот Шпанија.