Локални избори 2025
ДИК: Гласањето тече без проблеми
02.11.2025 09:14
Милион 13 илјади 357 граѓани со право на глас денеска избираат градоначалници на осмите по ред локални избори во земјава.

Во 32 општини и во градот Скопје, милион 13 илјади 357 граѓани со право на глас денеска избираат градоначалници на осмите по ред локални избори во земјава. Гласачките места беа отворени во 7 и ќе се гласа се до 19 часот. Како тече гласањето?
Анита Димитријевска-Велковска известува од Државната изборна комисија.
