ДИК

ДИК: Гласањето се одвива непречено, излезеноста до 09 часот е 2,88 %

02.11.2025 10:01

Излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија е 2,88%, истакнаа од Државната изборна комисија...

Излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија е 2,88%, истакнаа од Државната изборна комисија.

До 9 часот, вкупно гласале 22.379 гласачи.

Борис Кондарко, претседателот на ДИК соопшти дека сите избирачки места се навреме отворени, и гласањето се одвива без проблеми.

„Единствено во Општина Дојран во избирачко место 0385, поради технички проблеми со смарт картицата на уредот, имаше мал застој, проблемот е решен, и ова прашање е надминато, гласањето тече непрекинато во ова избирачко место. Други нема никакви проблеми, потешкотии, неправилности не се регистрирани ниту пријави, и немаме ниту приговори од политички партии“, изјавија од ДИК.

ДИК ја известува јавноста дека ќе биде на терен, ќе посети определени избирачки места и определи изборни комисии без претходна најава. Сакаме да пратиме порака дека целиот изборен процес ќе биде под надзор.