МВР
МВР ќе користат и дронови за побрза реакција и преземање на соодветни мерки во случај на инциденти
02.11.2025 10:18
Безбедноста на граѓаните се гарантира со стандардните материјално-технички средства и мобилни тимови, а се користат и дронови за побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти...

Министерството за внатрешни работи во близина до избирачките места, постави полициски службеници за поголема ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.
Безбедноста на граѓаните се гарантира со стандардните материјално-технички средства и мобилни тимови, а се користат и дронови за побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти.
МВР апелира до граѓаните и до политичките партии да се воздржат од какви било активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
