ДИК

Втор круг од локалните избори, гласањето се одвива непречено

02.11.2025 11:16

Во 32 општини и во градот Скопје, милион 13 илјади 375 граѓани со право на глас денеска избираат градоначалници на осмите по ред локални избори во земјава.

Изборен ден во Македонија. Во 32 општини и во градот Скопје, милион 13 илјади 375 граѓани со право на глас денеска избираат градоначалници на осмите по ред локални избори во земјава. Гласачките места беа отворени во 7 и ќе се гласа се до 19 часот. 
 
Анита Димитријевска - Велковска известува од Државната изборна комисија.