Локални избори 2025
ДИК: Излезноста до 11 часот е 10,10 проценти
02.11.2025 11:57
До 11 часот во вториот круг на локалните избори гласале 10,10 отсто од запишаните гласачи или вкупно 70.424 гласачи...

До 11 часот во вториот круг на локалните избори гласале 10,10 отсто од запишаните гласачи или вкупно 70.424 гласачи.
Во Градот Скопје, за изборот на градоначалник меѓу кандидатите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски, гласале 35.097 гласачи или 8,30 отсто од гласачите.
Според информациите на Државната изборна комисија, во првиот круг на локалните избори, излезноста во 11 часот во гласањето за градоначалници била 9,38 отсто, а излезноста во Градот Скопје пред две недели била 9,30 отсто.
Како што информираа од ДИК, гласањето засега се спроведува без поголеми проблеми.
