МВР

МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

02.11.2025 11:56

Регистрирани се и 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови...

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, соопшти МВР.

Покрај ова, регистрирани се и 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.

Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот, се наведува во соопштението.

На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.