Вториот круг од локалните избори го следат 1.622 акредитирани набљудувачи
Вториот круг од локалните избори, во кој треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1.622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија...

Вториот круг од локалните избори, во кој треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1.622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија. За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.
Од меѓународните организации, најмногу набљудувачи има акредитирано ОДИХР – Канцеларијата за демократски институции и човекови права со 500. Меѓу другите се и амбасадата на Соединетите Американски Држави со 30 набљудувачи, Советот на Европа со 24, Европскиот парламент со 18 набљудувачи.
