Салмонела- причина за труење во Драчево
Меѓу заболените 39 лица има чатири годишмно дете и трудница. Се очекува 12-те хоспитализирани пациенти во следниве денови да бидат пуштени од Инфективната клиника...

Здравствените служби и официјално потврдија дека причинител за труењето на 39 лица е бактеријата салмонела. Сите јаделе храна подготвена во една сендвичарница во скопско Драчево.
„Салмонелата е апаративусна бактерија од групата Д, значи една инфекција која ја немаме кај сите пациенти, бидејќи сите не дошле во исто време. Пациентите се сега стабилни“, вели д-р Снежана Стојковска од Инфективната клиника.
Меѓу заболените има чатири годишмно дете и трудница. Се очекува 12-те хоспитализирани пациенти во следниве денови да бидат пуштени од Инфективната клиника.
Бидејќи салмонелата е сериозно заболување и може да се поврати, лекарите од Клиниката за инфективни болести ќе ги следат пациентите и во следните шест месеци.
Салмонелата е сериозно заболување, а бактеријата ја има како во месото и месните производи, така и во сладоледот, слатката, мајонезот. Докторите предупредуваат за претпазливост.
Сендвичарата во Драчево е затворена од инспекциите.
Миле А. Ристески
