ДИК

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем одѕив во Пробиштип со 22 проценти

02.11.2025 13:54

Излезеноста во вториот круг од локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,21 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК)...

Излезеноста во вториот круг од локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,21 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Овој процент е изведен врз основа на обработени 1 777 избирачки места, на кои од вкупно 1 013 357 запишани гласачи своето право го оствариле 93 219 граѓани.

Излезеноста во Град Скопје изнесува 8,30 отсто односно на гласање излегле 35 097 избирачи.

По општини, најголема излезеност до 11 часот има во Општина Пробиштип – 22 отсто, потоа е Лозово 20,87, Демир Капија и Крушево се со 19,92 отсто, Ранковце со 18,29 проценти, Дојран има 17,43.

Најмала излезеност е регистрирана во Општина Сарај – 1,86 отсто, а потоа е Чаир со 2,67, Шуто Оризари со 5,93 и Куманово каде што до 11 часот излегле 6,42 отсто од гласачите.